Дома Македонски спорт Пандев го продолжува договорот со Џенова!

Пандев го продолжува договорот со Џенова!

Македонската фудбалска икона Горан Пандев ќе стави потпис на нов договор со Џенова пренесуваат италијанските медиуми.

Реномираниот Џанлука Ди Марцио објави дека Џенова за Пандев има понуда за едногодишно продолжување на соработката со нашиот капитен.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според информациите двете страни се блиску до договор и наскоро се би требало да биде официјализирано и Пандев ќе остане во Серија А да одигра уште една сезона.

Пандев оваа сезона во Серија А одигра 26 натпревари и постигна четири гола во сезона во која Џенова дури во последното коло го обезбеди опстанокот во најсилната италијанска конкуренција.

Ќе потсетиме, неодамна во Џенова пристигна нов тренер и на местото на Прандели беше доведен Адреаоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…