Дома Трансфер зона Видал: Би било убаво Нејмар да се врати, во Каталонија сите го сакаат

Видал: Би било убаво Нејмар да се врати, во Каталонија сите го сакаат

Во последните денови се погласни се гласините дека Нејмар ќе се врати Барселона.

Утрово бразилската телевизија „Глобоеспорте“ објави дека преговорите помеѓу ПСЖ и Барселона се во тек и Каталонците се спремни да понудат сума од 100 милиони евра и некој од Умтити, Дембеле и Ракитиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега на тема враќањето на Нејмар зборуваше и играчот за врска на Каталонците Артуро Видал.

Видал јасно истакана дека би бил задоволен ако Нејмар се врати во редовите на Барселона.

„Навистина би било убаво Нејмар да се врати во Каталонија сите го сакаат“, изјави Нејмар.

Нејмар во редовите на Барселона настапуваше од 2013 до 2017 година.

Останува да видиме во текот на летото дали ќе видиме сензационално враќање на Бразилецот, но на сето ова треба да се потсети и изјавата на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

„Не сакам веќе да се однесуваат како ѕвезди. Играчите мораат да превземат повеќе одговорност за разлика од порано. Се треба да биде потполно различно. Мора да се работи повеќе и понапорно… Не се овде дојдени за да уживаат. Ако не се служуваат со ова, вратата им е отворена. Не сакам да се однесуваат како ѕвезди“, гласеше изјавата на првиот човек на францускиот шампион.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…