Во последните две кола на Лил му се потребни четири бода за и математички да ја обезбеди титулата во Лига 1 и со тоа да ја прекине доминацијата на ПСЖ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Францускиот тим веќе почна да го склопува тимот и за наредната сезона во која ќе играат Лигата на шампионите. Нивна мета сега наводно е голманот на Баерн Александер Нубел.
Нубел во Баерн пристигна од Шалке во 2020 година и се пишуваше дека може да биде наследник на Мануел Ноер, но не ги оправда очекувањата.
Оваа сезона за Баерн Нубел настапи само на три натпревари во сите натпреварувања.
Кариерата ја започна во редовите нa Падерборн каде што ги помина сите младински селекции, а во Шалке премина во 2015 година. Неговата вредност во овој момент според „Трансфермаркт“ изнесува 6.5 милиони евра.