Дома Фудбал Италија Заниоло ја шокира Рома

Заниоло ја шокира Рома

Ѕвездата на Рома, Николо Заниоло побара сериозно зголемување на платата за да потпише нов договор со „волчицата“, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на 23-годишниот Италијанец му истекува во 2024 година, па Рома сака што побрзо да ја продолжи соработката, бидејќи Заниоло на лето влегува во последната година од договорот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Силен интерес за Заниоло покажуваат Јувентус, Милан и Тотенхем, па поради тоа играчот бара големо зголемување на платата.

„Газета дело Спорт“ открива дека понудата на Рома била 3,5 милиони евра по сезона, но Заниоло експресно ја одбил. Тој бара да биде меѓу најплатените фудбалери во тимот и бара плата од минимум 5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Осимен: Наполи се однесуваше со мене како со куче, можев да играм во Јувентус

Ѕвездата на Галатасарај Виктор Осимен, кој вечерва ќе се соочи со Јувентус, даде долгo инт…