Дома Фудбал Франција Занети: Интер беше во комплицирана ситуација, не сме биле блиску до Меси

Занети: Интер беше во комплицирана ситуација, не сме биле блиску до Меси

Лионел Меси пред да потпише со ПСЖ се поврзуваше со многу клубови, а еден од нив беше и Интер и тоа не беше првпат неговото име да се поврзаува со „нероаѕурите“.

Сепак, легендарниот Хавиер Занети кој денес е потпретседател на Интер вели дека Меси никогаш не бил блиску до Интер.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Сето тоа беа само медиумски шпекулации. Вистината е дека никогаш не сме биле блиску до доведување на Меси. Во клубот после пандемијата постоеше комплицирана ситуација од економска гледна точка. Покрај тоа никој не мислеше дека Лео навистина ќе ја напушти Барселона, за сите тоа беше изненадување“.

Двајцата се сретнале во Париз.

„Се сретнавме во Париз и го прегрнав. Го сакаше и го заслужи овој момент повеќе од било кој“, изјави Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Флик потпишува нов договор и бара уште четири важни потписи во Барселона

Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона. Како што и се очекуваше, управата под водс…