Дома Топ вести Замјотрес на Апенините: Барса дава 60 милиони за ѕвездата на Јувентус!

Замјотрес на Апенините: Барса дава 60 милиони за ѕвездата на Јувентус!

Расправијата помеѓу Алегри и Бинучи после која стоперот беше исфрлен од тимот го вклучи аларманот кај многу клубови во Европа кои го сакаат дефанзивецот.

Манчестер Сити и Челзи минатото лето нудеа 60 милиони евра за потписот на Бонучи, но „старата дама“ одлучи да го задржи во своите редови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, сега позицијата на Бонучи во тимот е размрдана и наводно самиот побарал да биде продаден на крајот на сезоната.

„Кориере дело Спорт“ денес предизвика „земјотрес“ и тврди дека Барселона е спремна да плати 60 милиони евра за Бонучи и дека е фаворит за неговиот потпис.

Каталонците веќе долго време се во потрага по квалитетен стопер кој ќе биде идеален партнер на Жерар Пике, па во Бонучи гледаат идеално засиливање за својот тим.

Весникот исто така тврди дека „бјанконерите“ нема да настојуваат по секоја цена да го задржат дефанзивецот и дека сега се зависи од тоа каква ќе биде одлуката на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…