Дома Топ вести ЗАМИСЛЕТЕ ГО ОВА: Барса на местото на Дембеле може да го доведе Роналдињо

ЗАМИСЛЕТЕ ГО ОВА: Барса на местото на Дембеле може да го доведе Роналдињо

Новиот играч би можел да дојде во било кој момент и да игра во Ла Лига и Купот, но не во Лигата на Шампионите.

Славниот Бразилец и онака е член на Барса… Осман Дембеле се повреди во саботата, денеска отпатува во Финска на операција и ќе биде надвор од терените 3-4 месеци. Дали Барселона ќе оди во лов на засилувања? Барса може да доведе било кој слободен играч без договор. Имено, во сојузот се пријавени 23 играчи, а секој клуб има право на 25.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Исто така, шпанскиот сојуз им овозможува на клубовите (и на оние кои веќе имаат 25 играчи во списокот) да регистрираат замена за некој играч доколку е повреден и отсуствува повеќе од пет и пол месеци. Може да се допушти и во случај на мали повреди, но само доведување на слободни играчи, не купување на некои кои се под договор.

Кого, тогаш, Барса може да доведе? РОНАЛДИЊО! Познатиот Бразилец има 37 години, се уште не е пензиониран, тој е слободен играч, па затоа не зависи периодот на транзиција, а тој веќе е и член на Барселона. Игра за нејзините легенди… Да, знаеме, тоа не е многу потенцијално, но е законски можно.

Останатите опции кои Барселона може да ги разгледа се слободните играчи како Антонио Касано, Патрик Еберт, Диего Капел, Хозе Антонио Рејес или Седрик Мабвати.

Новиот играч би можел да игра во Ла Лига и Купот на кралевите, само за Лигата на Шампионите не би можел да се регистрира до зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…