Дома Фудбал Англија Замер: Се онесвестив кога ја видов понудата од Сити за Халанд

Замер: Се онесвестив кога ја видов понудата од Сити за Халанд

Легендата на Борусија Дортмунд, Матијас Замер сега работи како советник во клубот, а проговори за понудата која Манчестер Сити ја испратил за Ерлинг Халанд.

Имено,  „граѓаните“ на Халанд му нудиат неделна плата од 600.000 евра, односно 31 милион евра годишно.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Халанд би станал најдоброплатен фудбалер во Премиер лигата, а со оваа понуда „граѓаните“ стануваат фаворити за неговиот потпис.

„Знам дека Манчестер Сити го сака Халанд. Кога видов за каква сума станува збор, каква сума му понудиле, се онесвестив. Сопругата мораше да ме подигне од подот“, се пошегува Замер.

„Ако се суди според сумата, може да дојде до реализација на таа зделка. Искрено, сакам да видам соработка меѓу Халанд и Гвардиола. Двајцата ќе имаат бенефит еден од друг, можам да замислам како ќе изгледа овој тим на Сити со таков центарфор“, додаде Замер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одреден терминот за првото „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона наскоро ќе го одиграат првото „Ел Класико“ во Ла Ли…