Дома Фудбал Италија Закерони: Милан нема најдобар тим, но игра најубав фудбал во Италија

Закерони: Милан нема најдобар тим, но игра најубав фудбал во Италија

Легендарниот италијански тренер Алберто Закерони, верува дека „росонерите“ играат најубав фудбал во Италија во моментов.

Милан после шест месеци падна од врвот на табелата и сега заостанува 4 бода зад Интер, но Закерони верува дека „росонерите“ можат да стигнат до Скудетото.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пиоли како тренер работи одлично во Милан. Ентузијазмот се стекнува гледајќи напред, не со заостанување. Милан има нешто повеќе од останатите противници, можеби нема најдобар тим, но играат најубав фудбал во Серија А, поубав и од Интер“, истакна Закерони.

„Пиоли направи тим кој може да функционира и без Ибрахимовиќ. Мораат да бараат длабочина и да се потпрат на инстиктот на Леао и да ја користат брзината на Тео Хернандез. Исто така, тука е и Анте Ребиќ, кој го следам уште додека играше во Ајнтрахт и можам да кажам дека добро се снаоѓа на сите позиции во офанзивата“, заклучи легендарниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…