Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес во програма за германската РТЛ телевизија откри дека пред неколку дена воделе преговори за доведување на Златан Ибрахимовиќ.
Хенес не откри во кој период Баерн сакал да го доведе Ибрахимовиќ, но интересот се изгубил кога Ибра ги поставил условите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тој е голем играч, но условите кои ги постави беа „боговски“. Бевме заинтересирани, меѓутоа не можевме да му излеземе во пресрет“, изјави Хенес за РТЛ
Ибрахимовиќ оваа година ќе го прослави 40. роденден меѓутоа и понатаму игра на највисоко ниво. Во богатата кариера покрај Милан каде што игра сега беше член на Малме, Ајакс, Јувентус, Барселона, Интер, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси.