Кинеските фудбалски клубови повторно беа активни на трансфер пазарот, иако оваа година немаше бомбастични трансфери.
Меѓутоа, вчерашната продажба на двете ѕвезди на Атлетико, Караско и Гаитан во Далијан Јифанг, повторно го потресе фудбалскиот пазар, па медиумите го составија тимот од најатрактивните имиња кои оваа зима пристигнаа во Кина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Недостасува само голман, но оваа зима ниту еден голаман не ја засили кинеската Супер лига, но тоа не е чудно бидејќи клубовите не сакаат да трошат пари на голмани и главно во сите клубови бранат домашни голмани.
Најскап фудбалер кој се пресели во Кина е напаѓачот на Виљареал, Сердик Бакамбу кој го засили Гоан за 40 милиони евра.
Најголема ѕвезда меѓу кинеските засилувања секако е Хавиер Маскерано кој од Барселона се пресели во Хабеи.
Еве како изгледа тимот со фудбалери кои оваа зима пристигнаа во Кина.