Дома Трансфер зона Заврши преодниот рок? Нема проблем, овој човек промени клуб на играч како на – „Фудбал Менаџер“!

Заврши преодниот рок? Нема проблем, овој човек промени клуб на играч како на – „Фудбал Менаџер“!

marianakis

Летниот преоден рок е затворен уште пред шест дена, но за оние кои знаат како да пронајдат „дупки“ во системот се уште работат на трансфер пазарот.

Тука мислиме на сопственикот на Олимпијакос Евангелос Марианакис кој вчера направи потег како на „Фудбал Менаџер“. Се сеќавате како на популарната игра седнувате да го водите вториот тим, па си продавате играчи на првиот тим за 0 евра? Нешто слично вчера направи овој човек.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Марианакис освен на Олимпијакос е сопственик и на англискиот Нотинген Форест кој вчера го претстави засилувањето од грчкиот клуб Панајотис Тахицидис (27) кој во англискиот клуб пристигна како слободен играч.

Олимпијакос намерно го раскина договорот, за фудбалерот без никакви проблеми да може да ја промени средината иако трансфер перидот заврши на 31 август.

Овој фудбалер со Нотингем потпиша договор на две сезони, до летото 2020 година

Помина и голем дел од својата кариера во Италија каде што играјќи за Џенова, Рома, Торино и Каљари собра скоро 200 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер повторно доведува бесплатно засилување од Наполи?

Голманот на Наполи, Алекс Мерет би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната. Чувар…