Дома Фудбал Останато Заврши лудницата: Галатасарај е нов шампион на Турција! (Видео)

Заврши лудницата: Галатасарај е нов шампион на Турција! (Видео)

Денес со почеток од 18:00 часот се одиграа последните натпревари во турското првенство во кое гледавме супер интересна завршница.

На крајот – нов шампион е Галатасарај!

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во последното коло три клуба во труското првенство влегоа со шанса за освојување на титулата Галатасарај, Фенербахче и Башакешир. На денешните натпревари сите три клуба забележаа победи.

Галатасарај освојувањето на титулата го обезбеди со победата од 0:1 на гостински терен против Гозтепе. Единствениот гол на натпреварот го постигна Гомис од пенал во второто полувреме.

Фенерабахче со 3:2 славеше против тимот на нашиот Адис Јаховиќ кој беше и стрелец на вториот гол за Коњаспор.

Башакешир со истиот резултат беше подобар од Кашимпаша со 3:2!

Во истиот термин играше и Бешикташ кој се надеваше дека може да стигне до втората позиција и местото кое води во Лигата на шампионите. Сепак неговите конкуренти не си дозволија кикс, па и покрај победата од 5:1 против Сиваспор остана на четвртата позиција која го носи во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…