Кори Гоф го импресионираше светот со настапите на Вимблдон, но оваа 15 годишна тинејџерка од САД не успеа против искусната Симона Халеп.
Поранешната прва тенисерка во светот не и дозволи на Кори да ја продолжи својата бајка и ја порази со 2:0 во сетови после еден час и 17 минути игра (6:3, 6:3).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Халеп со брејк го отвори мечот, но Гоф го возврати веќе во следниот гем. Халеп во петиот гем стигна до нов брејк, но набрзо доаѓа до 5:3, а потоа со уште еден брејк го заврши сетот.
Младата Американка имаше одредени проблеми на почетокот на вториот сет и тогаш повика медицински тајм-аут. Халеп на стартот лесно дојде до 2:0 во вториот сет. Американката се врати во мечот, меѓуто во шестиот гем Хелп со нов брејк ја реши работата во својата корист.
Халеп во четвртфиналето ќе игра против кинеската тенисерка, Шуаи Жанг.