Дома Фудбал Лига на шампиони Завршени деталните прегледи: „АС“ со први информации за повредата на Роналдо

Завршени деталните прегледи: „АС“ со први информации за повредата на Роналдо

Зидан утрово се огласи, а во Мадрид постоеше и малку загриженост, но ова попалдне стигнуваат вести од „Ас“ кои се одлични за „кралевите“.

Повредата на зглобот на десната нога на Роналдо не е од потешка приорда и после деталните прегледи направени утрово на клиниката во Мадрид стигна потврда дека Роналдо со сигурност ќе игра во финалето од Лигата на шампионите на 26 мај.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Мадритски „АС“ објави дека Роналдо ќе паузира само една недела и ќе ги пропушти само двата натпревари против Севиља (среда) и Селта (сабота), што е нешто и кое Зидан го планираше со цел да го одмори Португалецот пред финишот од сезоната.

Планот е Роналдо да се врати на тренинзите од следниот понеделник и да настапи на гостувањето против Виљареал (19 мај).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хаос: Камерун оди со две репрезентации на АФКОН (!?)

Замислете некој да ви каже дека сте добиле отказ, а вие едноставно одбиете да заминете. То…