Дома Трансфер зона Заборавете ги Де Геа и Куртоа – Реал пронајде нов голман?

Заборавете ги Де Геа и Куртоа – Реал пронајде нов голман?

Реал Мадрид на лето ќе се обиде во своите редови да го доведе голманот на Рома, Алисон Бекер.

Одличниот 25-годишен чувар на мрежата оваа сезона брани навистина одлично и со таквите настапи го привлече вниманието. Бразилецот се повруваше и со Ливерпул. Сепак, официјална понуда од „Енфилд“ немаше, а сега интерес за неговите услуги покажа и мадридскиот Реал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми тврдат дека Реал на лето ќе испрати понуда за овој голман. Во него го гледаат решението за својот тим и на тој начин ќе се откажат од евентуалното ангажирање на Давид Де Геа и Тибо Куртоа.

Во моментов, прв голман на Реал е Кејлор Навас, но како што стојат работите, тој ги брои последните месеци на голот на „Кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…