Јохан Кабаје едно време беше ѕвезда на светскиот фудбал, но од поодамна исчезна од светската фудбалска мапа.
Кабаје денес има 33 години и најдобрите денови се зад него. Своевремено правеше големи трансфери, играше за Њукасл и ПСЖ и беше важен дел од репрезентацијата на Франција за која собра 48 настапи. Сепак, последен пат репрезентативниот дрес на „Триколорите“ го носеше во 2016 година.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Во ПСЖ Кабаје стигна во 2014 година од Њукасл за 25 милиони евра, за една година подоцна да се врати во Англија и да потпише за Кристал Палас кој во тоа време за него го собори клупскиот рекорд.
Соработката со Кристал Палас Кабаје ја заврши во 2018 години и се упати кон Обединетите Арапски Емирати каде што поттпиша за Ал-Наср.
Сепак тоа се покажа дека не е клуб по мерка на Кабаје и во јануари ја заврши епизодата во овој клуб.
Сега француските медиуми пренесуваат дека Кабаје наскоро ќе потпише за Сент.Етјен.
Кабаје наскоро би требало да ги помине лекарските прегледи и оваа недела трансферот се очекува да биде официјализиран. Сепак, веројатно на Кабаје ќе му биде потребно некое време да се вклопи во екипата со оглед дека последниот официјален натпревар го одигра во декември 2018 година.