Дома Фудбал Италија Жиру става потпис на нов договор

Жиру става потпис на нов договор

Оливие Жиру е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Жиру наскоро ќе наполни 36 години, но се уште игра на врвно ниво.Французинот е еден од најважните фудбалери на Милан и еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, но Милан сака да го задржи и веќе започна преговори за продолжување на соработката.

Двете страни се блиску до договор и наскоро Французино ќе потпише договор до 2024 година со опција за уште една сезона.

Жиру му се приклучи на Милан во јули 2021 година и има 55 настапи за клубот, постигнувајќи 22 гола и осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се претвора ли сезоната за Арсенал во кошмар? Бормут го освои „Емирати“! (Видео)

Репрезентативната пауза очигледно не му донесе ништо добро на Арсенал, кој денес се соочи …