Оливие Жиру на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Милан и ќе се пресели во МЛС лигата.
37-годишниот напаѓач се уште игра на врвно ниво и оваа сезона веќе има постигнато 20 гола во сите натпреварувања, но е спремен за нова авантура.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот договор со Милан истекува на лето, а „росонерите“ исто така се спремни да се разделат и да доведат помлад напаѓач.
Медиумите пренесуваат дека тимот на Лос Анџелес покажува сериозен интерес и веќе започнал преговори со Французинот.
🚨 Los Angeles FC are in talks to sign Olivier Giroud this summer. 🇫🇷🇺🇸
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 19, 2024
(Source: @David_Ornstein) pic.twitter.com/IN8a3BrdYq