Пари Сен Жермен полека влегува во летото во кое ќе треба да го надомести заминувањето на најголемата ѕвезда Килијан Мбапе, а тоа значи и нови имиња кои ќе треба да го заменат.
ПСЖ нема да седи со скрстени раце и да чека да се појави некој „нов Мбапе“ откако најголемата ѕвезда одлучи бесплатно да го напушти „Паркот на принцовите“. Напротив, парижаните веќе подготвиле список од четири засилувања со кои ќе се надеваат дека конечно ќе дојдат до титулата европски шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најавите се дека во нападот може да пристигне некој од Рафаел Леао од Милан, а од редовите на Наполи се поврзуваат со Виктор Осимен и Квича Кварацхелија.
Тројцата фудбалери се многу посакувани од спортскиот директор Луис Кампос кој со Леао имаше одличен однос во Лил, меѓутоа Португалецот има откупна клазула од 175 милиони евра.
Исто така на радарот на гигантот од Париз е и Бернардо Силва од Манчестер Сити. Откупната клазула на играчот од средниот ред на „граѓаните“ не би требало да биде проблем бидејќи изнесува 60 милиони евра.
💰 𝐄𝐥 𝐏𝐒𝐆 𝐯𝐮𝐞𝐥𝐯𝐞 𝐚 𝐭𝐢𝐫𝐚𝐫 𝐝𝐞 𝐭𝐚𝐥𝐨𝐧𝐚𝐫𝐢𝐨
— Diario AS (@diarioas) May 22, 2024
⭐ Osimhen, Leao, Kvaratskhelia y Bernardo Silva, los nombres sobre la mesa para suplir a Mbappé
🤔 ¿Cuál crees que le vendría mejor a Luis Enrique?
👉 https://t.co/uSapsXo5DJ pic.twitter.com/EpbzNGwoIY