Осман Дембеле се повреди, па најскапото засилување во историјата на Барселона ќе паузира најверојатно до почетокот на 2018 година, а каталонските медиуми пренесуваат како ќе изгледа тимот без младиот Французин.
„Спорт“ изрази сомнеж во лекарскиот тим на Барселона и тврди дека клупските лекари морале да знаат за проблемите кои ги имал Дембеле со мускулот на кој се покажа дека има роптура. Младиот Франузин денес ќе биде опериран во Финска, а критичарите сметаат дека оваа повреда можело да се избегне доколку имал правилна припрема пред почетокот на сезоната.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Веднаш се појавија информации дека Барса и нешто ќе заработи од оваа повреда. Наводно, дуро 10 милиони од вкупните 42 биле врзани за одигрување на 50 натпревари во првата сезона. Па така Борусија веќе остана без четвртина од договорениот бонус (105 милиони фиксни +42 низ разни бонуси).
„Спорт“ пренесува дека Валверде има неколку можни варијанти како да игра без Дембеле. Се споменува и 4-4-2 формација со Иван Ракитиќ позади Лео Меси и Луис Суарез. Во слична формација со ромб и Иниеста може да игра позади двајцата напаѓачи.
Во онаа класична формација 4-3-3 ќе биде употребуван Жерар Делуфеу чија природна позиција е токму десно крило, а може да игра и лево. На крилните позиции Валверде може да го користи и Денис Суарез, кој по вокација е играч за врска.
Третата варојанта која ја разгледува Валверде е 4-2-3-1 каде Ракитиќ ќе игра во пар со Бускетс пред одбраната, пред нив ќе биде Меси, а на крилата Серџи Роберто и Делуфеу позади Луис Суарез.
Останува да видиме за која варијанта ќе се одлучи Валверде и како ќе изгледа тоа на теренот!