Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жезус призна дека не е задоволен од минутажата која ја добива и сака да игра на секој натпревар.
„Сакам да играм на секој натпревар, но реалноста е поинаква. Се обидувам да го искористам времето кога играм кога сум на теренот. И мислам дека дојде моето време. Само сакам да играм фудбал и да се подобрам“, изјави Жезус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Габриел Жезус во својата прва полусезона на Островот на 10 настапи постигна седум погодоци и со тоа најави за каков играч се работи.
Во ист ритам продолжи и наредната сезона кога на 29 натпревари постигна 13 погодоци, додека оваа година има скромен учинок.
Оваа сезона, 22-годишниот Бразилец настапи на 24 средби, од кои 18 започна во стартниот состав.
Англиските медиуми тврдат дека Жесус може наскоро и официјално да побара трансфер бидејќи неколку европски гиганти се заинтересирани за него, па останува да видиме како ќе реагираат „граѓаните“ кои го имаат последниот збор.