Дома Македонски спорт Женските фудблски надежи подобри од Црна Гора на вториот тест

Женските фудблски надежи подобри од Црна Гора на вториот тест

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години успеа да оствари минимална победа со 1:0 над соодветната селекцијата на Црна Гора во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко одиграа добар меч против незгоден противник и со погодок во последните минути од средбата забележаа заслужена победа. Ева Конева беше стрелец на единствениот погодок на средбата во 88. минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првата контролна пресметка помеѓу овие две репрезентации заврши со победа на Црна Гора со 3:1.

Македонија: Кристина Павловска, Еда Далипи, Катарина Петкова, Матеа Блазеска, Слаѓана Ѓоргиева, Никица Трендова , Веса Села, Билјана Панеска, Теодора Далчевска , Сара Мена, Ева Конева;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…