
Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години денес изгуби убедливо во Зеница во контролниот натпревар против Босна и Херцеговина.
Репрезентативките на Босна беа подобри од нашите девојки со 7:0. Победникот беше решен уште на самиот старт. После само половина час нашата селекција прими четири гола, а на пет минути до крајот на првиот дел го упативме првиот шиут кон голот и тоа од слободен удар.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
И во вториот дел работите не се променија многу. Босанките постигнаа уште три гола за конечни 7:0.
Головите ги постигнаа: Алма Крајниќ, Наида Харачиќ, Маја Јелик, Марија Ана Миликовиќ, Софија Крајшумовиќ (2) и автогол си постигна Викторија Надева.