Дома Останати Кошарка НБА „ЕСПН“: Само тројца кошаркари се подобри од Дончиќ

„ЕСПН“: Само тројца кошаркари се подобри од Дончиќ

За осум дена ќе започне новата сезона во НБА, а „ЕСПН“ по повод тоа ја објави годишната листа на најдобри кошаркари според нив.

Во топ 10 се наоѓаат двајца Балканци, Никола Јокиќ е на 10. место и Лука Дочниќ кој се најде на високата четврта позиција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„ЕСПН“ верува дека Леброн Џејмс и Ентони Дејвис се двајцата најдобри кошаркари во светот, а зад нив следи Јанис Антетокумпо. Како што споменавме четврти е Дончиќ. Потоа следуваат: Каваи Ленард, Кевин Дурант, Демијан Лилард, Стеф Кари и Џејмс Харден.

Дончиќ изминатата сезона го водеше Далас до првата рунда од плеј-офото, а во просек забележуваше 28.8 поени, 9.4 скокови и 8.8 асистенции во регуларната сезона. На крајот Далас испадна од Лос Анџелес Клиперси во првата рунда со 4:2 во серијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лејкерси го отпуштија тренерот: Животот ми беше пекол во последните две години

НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хам по две сезони на оваа позициј…