Дома Фудбал Италија Ериксен ја отвори душата: Се чувствував како црна овца

Ериксен ја отвори душата: Се чувствував како црна овца

Повеќемесечната сага со Кристијан Ериксен заврши со негов трансфер во Интер.

Во изминатиот период Ериксен беше еден од најдобрите плејмејкери во англиската Премиер лигата, а бидејќи не сакаше да го продолжи договорот, Тотенхем беше приморан да го продаде. Многу клубови покажаа интерес да го доведат Данецот, на крај Интер го доведе за 20 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега во интервју за италијанските медиуми Ериксен откри како се чуствувал во поранешниот клуб.

„Ми олесна од кога се се заврши. Во изминатиот период беше тешко, најмногу поради тоа што цело време се пишуваше каде и кога ќе заминам. Дури и кога ќе сретнев луѓе на улица често ми зборуваа: Среќно и ти благодариме. Иако јас и понатаму бев играч на Тотенхем. Беше чудно. Конечно дојде време да свртам нов лист“.

„Често немав врска за она што сум обвинет. Бев црна овца, а неретко читав и дека јас сум виновен за лошата атмосфера помеѓу играчите. Уште поголем проблем настана со изјавата во која признав дека не се чувствувам добро. Не сакав да кријам како што тоа го прават поголемиот дел од играчите“, се потсети данскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…