Дома Фудбал Италија Ериксен: Фановите сакаат да играм, но Конте има други идеи

Ериксен: Фановите сакаат да играм, но Конте има други идеи

Плејмејкерот на Интер, Кристиан Ериксен уште еднаш го искажа своето незадоволство поради статусот во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ериксен пристигна во Милано минатот јануари со големи очекувања, но не се вклопува во формацијата на тренерот Конте и добива се помала минутажа.

Се погласни се шпекулациите дека тој ќе го напушти Интер во јануари, а самиот играч не го негираше тоа.

„Секој играч сака да игра што е можно повеќе, но за тоа одлучува тренерот.Ситуацијата е чудна, бидејќи фановите сакаат да играм, но тренерот има други идеи и јас како играч го почитувам тоа“, изјави Ериксен.

„Сега сум концентриран само на Интер. Кога ќе се отвори трансфер пазарот ќе видиме што ќе се случи“, додаде Данецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…