Дома Фудбал Италија Ериксен останал да вежба долги топки половина час после мечот со Специја

Ериксен останал да вежба долги топки половина час после мечот со Специја

Некои играчи знаат во кариерата да повлечат погрешен потег, а еден таков лош потег направи Кристијан Ериксен кога се пресели од Тотенхем во Интер.

Данецот дојде со големи очекувања, меѓутоа не покажа ништо и повеќе изгледа нема и да има шанса да покаже.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека играше за Тотенхем Ериксен беше помеѓу најдобрите играчи за врска во свтот, со таква репутација дојде во Милано. Изминатите недели Ериксен доживеа неколку понижувања.

Имено, откако Интер ја победи Специја сите играчи отидоа во соблекувалната, исклучок беше Ериксен. Данскиот фудбалер половина час после натпреварот остана на теренот и вежбаше долги топки.

Ериксен за Интер одигра само 12 натпревари и Марота пред неколку дена потврди дека се работи на негова продажба во јануари. Како фаворит за негово доведување во овој момент се истакнува ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…