Данскиот репрезентативец Кристиан Ериксен најверојатно после Светското првенство ќе го напушти Тотенхем.
Ериксен има неколку одлични сезони позади себе во дресот на Тотенхем и се чини дека дојде време за нов предизвик и чекор напред во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се повеќе се шпекулира дека ќе премине во шпанската Ла Лига, но се уште не е познат дресот во кој ќе настапува. Имено, за него интерес покажуваат двата шпански гиганти Реал и Барса.
Уште од порано се поврзуваше со Каталонците, но наводно сега Реал спрема мега понуда и спремен е да плати 100 милиони евра, што е сума која ќе ги задоволи Спарси.
Реал од Тотенхем претходно ги донесоа Модриќ и Бејл, и добриот однос меѓу двата тима може да продолжи со успешен трансфер на Ериксен.