Кристијан Ериксен после само една година ќе го напушти Интер.
Данецот во Интер пристигна пред една година како големо засилување од Тотенхем, но на „Џузепе Меаца“ не ги оправда очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер потроши скоро 30 милиони евра на доведувањето на Ериксен, но Антонио Конте не е задоволен со неговите настапи. Неодамна клубот потврди дека Ериксен е на трансфер листата и дека скоро сигурно овој месец ќе го напушти Интер.
Во претходниот период се поврзуваше со ПСЖ и Тотенхем, меѓутоа изгледа дека сериозни преговори се уште немало.
Но, како што пишува „Скај Спорт Италија“ во борба за Ериксен се вклучик и Ајакс кој сака да го врати Данецот во својот тим. Ериксен во Ајакс играше од 2009 до 2013 година и сега клубот од Амстердам според информациите сака да го врати.
Трансфер во Ајакс секако би бил изненадување, очекувањата се Ериксен да остане во најсилните пет европски првенства.