Дома Топ вести Енрике по објавата на Мбапе за заминување: Наредната сезона ќе бидеме посилни

Енрике по објавата на Мбапе за заминување: Наредната сезона ќе бидеме посилни

Килијан Мбапе вчера преку видеопорака го потврди своето заминување од редовите на Пари Сен Жермен, а денес еден ден подоцна во јавноста зборуваше Луис Енрике.

Популарниот Лучо подолг период чекаше самиот Мбапе да ја соопшти одлуката иако и тој знаел дека наредната сезона нема да игра во Париз. Нема потврда каде Мбапе ќе продолжи, но сите очекуваат тоа да биде Реал Мадрид.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Некое време знаевме за заминувањето на Мбапе, сите знаевме. Неговото обраќање не смени ништо. Одлуките кои ги носев, ги носев за доброто на тимот. Се однесувавме на најдобар можен начин. Пред нас сега останува уште титулата во купот и се надеваме дека ќе ја освоиме со Мбапе. Целта е да бидеме конкуретни и да освојуваме титули. Иако Мбапе си оди убеден сум дека ќе бидеме посилни во новата сезона.

За Килијан како човек и како играч можам да кажам само убави работи, иако вие новинарите се обидувавте да ни наметнте конфликт. Ја разбирам неговата одлука, даде се за клубот и стана легенда тука, сака да оди во нешто ново. Му посакуваме се најдобро“, изјави Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…