Дома Фудбал Енрике го советува Валверде: Имаш три „трули јаболка“ во соблекувалната!

Енрике го советува Валверде: Имаш три „трули јаболка“ во соблекувалната!

Ернесто Валверде пристигна на „Камп Ноу“ како наследник на Луис Енрике и пред него е многу тешка задача, да ја врати Барселона на врвот на Шпанија и Европа.

„Сакам да ја направам Барселона уште поголема. Не можеме да останеме каде што сме сега. Мораме да се развиваме“, изјави Валверде на претставувањето.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Валверде исто така имал и разговор со Луис Енрике кој ја напушти екипата, најмногу поради големиот притисок од соблекувалната. Неговиот однос со Меси се менуваше константно, па поради тоа Енрике го советуваше новиот тренер секогаш добро да се однесува со Аргентинецот и да му биде поддршка.

Доколку успее да ја добие довербата на лидерот на тимот, се ќе му биде полесно. Во тоа би требало да му помогне Андрес Иниеста, првиот капитен на тимот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Валверде ќе мора да внимава на својот однос со Нејмар, темпераментниот Бразилец кој сака да има посебен статус. Поради тоа наводно се скарал со помошникот тренер Унзуе.

Третото „труло јаболко“, како што наведува изворот, е Жерард Пике кој е еден од лидерите во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…