Дома Фудбал Англија Емери се огласи за ситуацијата со Колашинац и Озил

Емери се огласи за ситуацијата со Колашинац и Озил

Сеад Колашинац и Месут Озил денес конечно се појавија на тренингот на Арсенал.

Колашинац и Озил отсуствуваа од тренинзите и натпреварите на Арсенал некое време поради обидот за грабеж кој им се случи пред неколку недели. Тандемот на Арсенал беше мета на двајца разбојници кои се обидоа да ги ограбат, но не успеаа во тоа.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Босанскиот фудбалер излезе да се пресмета и ги избрка, но проблемите не завршија таму. Колашинац и Озил овие денвои добија сериозни закани поради што не излегуваа од своите домови и не се појавуваа на тренинзите на Арсенал.

Меѓутоа денес тие конечно се вратија и тренираа со тимот и јасно е дека сега постои шанса за викендот да бидат во комбинација за настап. Тоа денес го потврди и тренерот на овој тим, Унаи Емери.

„Тие се 100% психички спремни за игра. Фокусирани се на фудбал и тоа е најважно. Сакаме да им помогнеме повеќе да не мислат на она што се случило. Тие сега се во екипата и имаме повеќе опции за натпреварот во сабота. Утре ќе знаеме дали некој од нив двајца или двајцатаќ е бидат во почетниот тим, но секако дека конкурираат за натпреварот“, изјави Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Реал Мадрид пред 320 дена вредеше 300.000, а денес 40 милиони евра

Раул Асенсио ќе игра на Светското клупско првенство за Реал Мадрид. Неговиот настап го нај…