Дома Фудбал Англија Емери пред отказ: Познат фаворитот за негов наследник

Емери пред отказ: Познат фаворитот за негов наследник

Унаи Емери го наследи Арсен Венгер по 22 години на клупата на Арсенал, но во моментов неговиот тим поминува низ турбулентен период.

Резултатите во последно време не се задоволувачки, а на последниот меч против Кристал Палас изби и скандалот со капитенот Гранит Џака.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сето ова значи дека Емери започна да губи контрола врз соблекувалната, а бидејќи резултатите од претходната сезона и оваа не се убедливи, раководството на лондонскиот клуб разгледува нови опции за клупата.

Медиумите на Островот тврдат дека „топџиите“ направиле список од седум кандидати за нов менаџер. Тука се  трите клупски легенди Тиери Анри, Патрик Виеира и Микел Артета, како и Масимилијано Алегри, Жулен Лопетеги, Ралф Рангник и Хорхе Сампаоли.

Прв фаворит, наводно, бил Артета, кој се смета за наследник на Пеп Гвардиола и кој во моментов е асистент во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Детонација“ во Минхен: Баерн ќе биде страв и трепет за ривалите

Баерн од Минхен подготвува уште една трансфер бомба. Германскиот шампион тргна по ѕвездата…