Петр Чех не го кажа последниот збор.
Чешкиот голман нема да го загуби местото во стартниот состав на Арсенал кога станува збор за Лигата на Европа, тој бранеше во целото натпреварување и повторно ќе биде во финалето меѓу стативите на голот од Арсенал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чех беше резерва на Лено во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата, па тоа ги намами медиумите да помислат дека Лено ќе биде меѓу стативите. Сепак, Емери ги реши дилемите и изјави дека Чех ќе брани.
Уште еден проблем беше тоа што Чех се поврзуваше со враќање во Челзи, наводно, тој би требало да превземе некоја од фукнциите во клубот по завршување на играчката кариера, што дополнително ги загреа сомнежите дека Лено ќе брани на тој натпревар.