Дома Топ вести Емери: Мбапе сакаше да замине во Реал Мадрид

Емери: Мбапе сакаше да замине во Реал Мадрид

Поранешниот тренеер на ПСЖ и моментален шеф на стрчниот штаб на Арсенал, Унаи Емери откри интересни детали од кариерата на Килијан Мбапе.

Мбапе, кој вчера беше прогласен за најдобар играч во Лига 1, во ПСЖ дојде летото 2017. година кога оваа екипа се уште ја водеше Емери. Шпанскиот тренер се потсетува како младиот Французин во текот на таа сезона сакал да го напушти клубот и да премине во Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во игра била и Барселона, но Емери со помош на луѓето во ПСЖ, сепак успеал да го убеди Мбапе да остане и да го избере проектот кој стои пред ПСЖ.

„Разговарав со него и неговиот татко да остане. Сaкаше да го избере Реал Мадрид, а исто така имаше шанса да замине и во Барселона. Сепак, успеавме да го убедиме во проектот кој е пред ПСЖ и да остане во клубот.“ – изјави Емери.

Инаку, Мбапе таа сезона дојде на позајмица од Монако, а во клубот остана за сума од 180 милиони евра. Оваа сезона на 42 одиграни натпревари постигна дури 38 погодоци.

Мбапе моментално, според Трансфермаркт е убедливо најскап фудбалер на светот, а многумина го сметаат како вистински наследник на Роналдо и Меси.

Кога е во прашање Емери, тој во Париз помина две сезони и за тоа време освои една лигашка титула. Денеска е тренер на Арсенал со кој за неколку дена ќе игра финале во Лига Европа против Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…