Дома Фудбал Останато Емери: Играчите треба да знаат дека ова е специјален трофеј!

Емери: Играчите треба да знаат дека ова е специјален трофеј!

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека главниот фокус на „топџиите“ во финалето на Лига Европа ќе биде освојувањето на трофејот, а пласман во Лигата на шампионите е нешто што останува во втор план.

Враќањето во најпрестижниот турнир е целта на „топџиите“, но Емери инсистира дека освојувањето на Лига Европа е „специјална титула“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Играчите треба да знаат дека тоа е специјална титула. Сите треба да направат се што е во нивна моќ на теренот. За нас првата цел е титулата, а потоа место во Лигата на Шампионите. Ние се боревме за да стигнеме до тука и сакаме да се покажеме во најдобри светло“, изјави Емери.

Ова ќе биде последнен натпревар во кариерата на Петер Чех, кој помина 11 сезони во Челзи, пред да се приклучи на Арсенал во 2015 година.

„Чех е одличен голман, но пред се одличен човек. Сакам да направам нешто важно со него во последната минута од неговата кариера, без разлика дали ќе игра или не“, изјави Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвезда на Реал се заканила дека ќе замине ако Алонсо остане тренер

Реал Мадрид имаше добар почеток на сезоната, но сега се соочува со проблеми во соблекувалн…