Дома Трансфер зона Емери е разочаран од Суарез, го враќа назад во Барселона!

Емери е разочаран од Суарез, го враќа назад во Барселона!

Арсенал вложи големи напори во зимскиот преоден рок да го донесе на „Емирати“ шпанскиот играч за врска Денис Суарез, кој беше голема желба на тренерот Унаи Емери.

Суарез пристигна во Арсенал на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната, но „топџиите“ веќе донеле конечна одлука за неговата иднина.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Имено, тренерот Унаи Емери е разочаран од својот сонародник и смета дека нема квалитет да игра за првиот тим на „топџиите“, па нема да ја искористи опцијата за негов откуп.

25-годишниот играч за врска има одиграно само 67 минути во Премиер лигата откако пристигна во Арсенал. Тренерскиот персонал е разочаран исто така и од неговото залагање на тренинзите.

Се појавија дури и информации дека Арсенал сака да го врати Суарез во Барселона уште пред крајот на сезоната, па играчот на тоа иронично одговор на Инстаграм.

„Се враќам на тренинзите со насмевка. Да ги оставам да подолжат да зборуваат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…