Италијанските медиуми пренесуваат дека Стефан Ел Шарави е пред враќање во Рома.
28-годишниот Италијанец сака да си замине од Кина и веќе постигнал договор со раководството на „волчицата“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ел Шарави минатото лето ја напушти Рома и се пресели во Кина во тимот на Шангај со кој потпиша договор до 2022 година.
Рома и во летниот преоден рок сакаше да го врати на „Олимпико“, но не успеа да се договори со кинескиот клуб.
Ел Шарави е спремен да прифати помала плата за да се врати во Италија и готово извесно во јануари повторно ќе го облече дресот на Рома.