Дома Фудбал Елче официјално поднесе жалба против Барселона

Елче официјално поднесе жалба против Барселона

Раководството на Елче испрати жалба против  Барселона до Спортскиот комитет на Шпанската фудбалска федерација.

Во 27.-то коло од Ла Лига, Барселона убедливо го победи Елче со 4:0, но спорно беше играњето на Гави. Претходно, регистрацијата на играчот од средниот ред како играч во првиот тим на Барселона беше откажана.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Елче го обжали исходот од натпреварот поради учеството на Гави, бидејќи според правилата на Шпанската фудбалска федерација, на играчот му е забрането да игра до крајот на сезоната поради веќе откажана регистрација. Формално, Гави не може да игра ниту за првиот, ниту за младинскиот тим.

Од Барселона пак тврдат дека Гави може да игра за младинскиот тим и како дел од него да биде повикан во првиот состав, па токму затоа го носел дресот со број 30, а не со бројот 6 како што играше до сега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез поради Родриго направи нешто што никогаш никому не се согласил да исполни

Бразилскиот репрезентативец Родриго се наоѓа на излезна врата од Реал Мадрид затоа што Фло…