Дома Фудбал Италија Елмас трет на листата играчи кои најмногу претрчаа викендов во Серија А

Елмас трет на листата играчи кои најмногу претрчаа викендов во Серија А

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра солиден натпревар против Џенова, меч во кој главна ѕвезда Горан Пандев.

Пандев постигна два гола во натпреварот и донесе победа за Џенова (2:1). Елмас имаше неколку прилики, а најголемата ја пропушти во последните минути од натпреварот. Сепак, не може да се каже дека „дијамантот“ одигра лош натпревар.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Емас е помеѓу фудбалерите кои најмногу истрчаа овој викенд. Тој истрча 12.4 километри и пред него се само Марсело Брозовиќ со 13.3 и Милан Бадељ со 13.1.

Во последно време Елмас почна да добива почесто прилика кај Гатузо, а неодамна беше стрелец и во купот и во првенството, па се очекува и во следните натпревари да добива солидна минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повеќе нема дилема кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во светот

France Football на 22 септември во Париз ќе ја додели Златната топка за најдобар фудбалер …