Дома Фудбал Италија Елмас и дружината славеа против Интер во Милано (видео)

Елмас и дружината славеа против Интер во Милано (видео)

Елмас и дружината го изненадија Интер и славеа во Милано со 1:0 во првиот полуфинален натпревар од италијанскиот Куп.

Елмас беше стартер во натпреварот против Интер, а херој за наполитанците беше Фабиан Руиз кој го постигна единствениот гол на мечот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Клучниот момент се случи во 57-та минута кога шпанскиот репрезентативец со прекрасен гол му донесе победа на Наполи.

Интер потоа ја презеде иницијативата, но не успеа да го израмни резултатот, па со негатива ќе патува на реваншот во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тони Крос до Саудиска Арабија: Кој ќе ве гледа, ако Кристијано замине?

Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос повторно е во центарот на јавноста поради …