Дома Фудбал Останато Елмас има големи амбиции: Сакам да играм за Реал Мадрид или Барселона!

Елмас има големи амбиции: Сакам да играм за Реал Мадрид или Барселона!

Македонскиот фудбалски „бисер“ Елиф Елмас, кој моментално настапува за турскиот гигант Фенербахче има големи планови за иднина.

19-годишниот Елмас е многу амбициозен и во иднина се гледа себе си во дресот на Реал Мадрид или Барселона, а неговиот сон е еден ден да ја освои и „Златната топка“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Секогаш играм за да бидам подобар, сакам да бидам најдобар во Фенербахче. Имам големи соништа и желби во кариерата. Мојата цел е да играм во Шпанија во наредните 4 или 5 години“, истакна Елмас.

„Сакам да игра во Ла Лига, а каде ако не во Реал Мадрид или Барселона. Исто така сонувам да ја освојам и „Златната топка“, а со Македонија да изборам пласман и да настапам на ЕВРО 2020 година. Имам големи соништа и цели, секако од мене зависи дали ќе се исполнат“.

„На мене ми останува само да работам напорно, да се борам и да играм најдобро што можам во моментот. Во врска со евентуалниот трансфер ова лето во некој голем клуб немам што посебно што да истакнам, не се оптоварувам со шпекулациите“, додаде Елмас.

Емас со своите настапи во Фенербахче, но и за македонската репрезентација го привлече вниманието на многу европски гиганти, па нема да биде чудно доколку ова лето го промени дресот. Неговата цена моментално се проценува на околу 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри стави блокада и уништи веќе договорен трансфер на Милан!?

Враќањето на Тијаго Силва во Милан беше завршена работа, но трансферот во последен момент …