Maкедонскиот фудбалер Елиф Елмас минатиот викенд го имаше првиот старт под водство на Гатузо во Серија А и тоа го искористи на одличен начин. Елмас постигна гола после 15 минути игра, а освен со голот тој констатно учествуваше во играта.
Италијанските медиуми и спортски новинари упатуваат големи пофалби на адреса на македонскиот репрезентативец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Салваторе Каиаца, новинар во „Ил Рома“ им честита на оние кои го довеле во Наполи.
„Тој е само 99 годиште и сигурно ќе расте, но неговиот квалитет се гледа уште сега. Треба да им се честита на тие што го донесоа во Наполи“.
Доби пофалби и од Паоло Ди Генио, човек кој подолги години работи низ наполитанските медиуми.
„Неверојатен е трча насекаде, има карактер и добар тајминг, на сето тоа е и одличен техничар. Има само 20 години, а неговиот потенцијал веќе се гледа, тој е најкомплетен. Можеби има „специјалисти“ кои се подобри од него на одредена позиција, но со Елиф вие иматe олраунд играч кој без проблем може да игра каде и што ќе го ставите. Таквите фудбалери многу се ценат“.
Анализа на Елмас направи и порталот „Мондо Наполи“.
„Елиф може да игра секаде во средината, тој е деснак, но е добар и со послабата нога. Уиверзален и модерен играч, има 20 години, меѓутоа покажува техника и голем карактер. Во еден момент тој влезе во дуел со Јанкто и доби жолт картон. Вообичаено жолтиот картон е проблем. Сепак, кај Елмас тоа е „важен проблем“. На 93 натпревари во сениорска конкуренција Елмас има 20 жолти картони и тоа значи дека не се штеди и дава се од себе, ја покажува желбата да биде подобар“, стои во анализата на наполитанскиот медиум.