Tимот за кој настапува нашиот Елиф Елмас, туски Фенербахче наскоро би можел да добие ново засилување и тоа играч кој има искуство од играње во англиската Премиер лига во Ливерпул.
Имено, како што пренесуваат турските медиуми Дивок Ориги после ангажманот во Волфсбург во наредната сезона би можел да го носи дресот на клубот од Турција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај, Фенербахче, се наведува дека интерес за Ориги покажала и Валенсија, но тешко е да се верува дека шпанскиот гигант ќе го ангажира и Ориги после Батшуаи и Кевин Гамеиро.
Конкуренцијата во ваков Ливерпул е пресилна за Ориги, па јасно е дека позајмица е најреална опција.
Ливерпул сакаше и да го продаде по цена од 29 милиони евра, но прашање е кој би бил спремен да плати толкава сума за Ориги.
Ориги во Ливерпул пристигна во 2014 година за 12.5 евра, а пред Волфсбург беше поазјмен на Лил.