Дома Останати Тенис Елиминацијата за Ѓоковиќ на УС Опен може да му донесе дебакл каков што не памети!

Елиминацијата за Ѓоковиќ на УС Опен може да му донесе дебакл каков што не памети!

Новак Ѓоковиж доживеа елиминација уште во третото коло на УС Опен, а ваквата ситуација може да му донесе ситуација како што воопшто не замислуваше.

Имено, тенисерот од Србија би можел да го пропушти финалето на АТП во Торино, каде што одат осумте најдобри тенисери на АТП листата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ има 3260 освоени поени, а границата за финалето на АТП е 6145 поени. Доколку осум тенисери не ја достигнат таа бројка, тогаш место обезбедуваат најдобрите осум по АТП пласманот.

Со оглед на тоа што до крајот на годината нема повеќе Грен слем турнири, преостанатите АТП 1000, 500 и 250 турнири, јасно е дека АТП финалето ќе го одреди конечниот пласман на АТП литата.

На осмото место е Алекс де Минаур со 3005 поени, а тука се уште Фриц (2790), Циципас (2725), Димитров (2635), Пол (2635)…

Значи, постои опција Ѓоковиќ да падне под осмата позиција и така не би учествувал на завршниот турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …