Дома Топ вести Елгера: Еднаш бев на забава кај Роналдо, дојде автобус полн со девојки

Елгера: Еднаш бев на забава кај Роналдо, дојде автобус полн со девојки

Иван Елгера е поранешен фудбалер на Реал Мадрид, кој беше дел од генерацијата „Галактикоси“ и сега открива интересна случка од тој период.

Елгера играше заедно со Луис Фиго, Роберто Карлос, Зинедин Зидан, Роналдо, Дејвид Бекам… па раскажа за гламурот на забавите кои ги организирале фудбалерите.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Бекам, Зидан и Фиго беа неверојатни професионалци. Бразилците Роберто Карлос и Роналдо сакаа повеќе да излегуваат, но сепак не излегуваа секој ден. Сепак, се сеќавам дека бев на една роденденска забава на Роналдо и бев заедно со мојата сопруга“.

„Кога дојде автобус полн со девојки, мојата сопруга веднаш ме погледна и рече дека си одиме дома. Истото го направи и сопругата на Фиго. Тоа се случи во куќата на Роналдо, онаа која подоцна му ја продаде на Рамос“, открива Елгера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Словенија слави историски успех. Кек: Не очекував да поминеме

Репрезентацијата на Словенија за прв пат во својата историја се пласираше во нокаут фазата…