Италијанскиот стратег Валтер Мацари е фаворит број еден за наследник на Синиша Михајловиќ на клупата на Торино, пренесуваат италијанските медиуми.
Михаловиќ денес и официјално доби отказ откако „биковите“ синоќа беа елиминирани од Купот после поразот од Јувентус, а во првенството се на 10-то место со 25 бода.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Валтер Мацари веќе добил понуда од Торино, па се очекува во текот на денот дали ќе прифати да седне на празното столче.
56-годишниот стратег има над 620 натпревари во професионалниот фудбал, а најголемиот успех го направи во Наполи каде што остана четири сезони, а потоа се пресели во Интер.
Минатата сезона Мацари го предводеше Ватфорд во Премиер лигата, а моментално е без ангажман.