Дома Фудбал Останато Експресно се огласи „ФИФПро“: Ќе се спротиставиме на исклучување на фудбалерите од репрезентациите

Експресно се огласи „ФИФПро“: Ќе се спротиставиме на исклучување на фудбалерите од репрезентациите

Eкспресно по изјавата на Чеферин дека на играчите кои ќе играат во Суперлигата ќе им биде забрането да играат на Светско или Европско првенство се огласи ФИФПро.

Од организацијата соопштуваат дека ќе се спротистават на секоја одлука која ќе ги загрози правата на фудбалерите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Таквата одлука (исклучување од репрезентацијата) остава многу прашања не само со влијанието и структурата туку и со карактерот на играчите. Фудбалот е изграден врз основа на уникатно, социјално и кулутурно наслество. За да се одржи потребна е соработка помеѓу домашните и меѓународните натпреварувања. Ново натпреварување кое ќе го поткопа ова може да направи непоправлива шета. Ние како организација со нашите 64 асоцијации на фудбалери и повеќе од 60.000 играчи ќе се спротиставиме на мерките кои ќе ги попречат прават на фудбалерите како што е исклучување од нивните национални тимови“, соопштија од ФИФПро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

От Јувентус веќе преговараат со дефанзивец на Реал Мадрид

Од Јувентус започнале разговори со претставниците на дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио …