Дома Фудбал Репрезентации Експресно распродадени шампионските дресови на Аргентина

Експресно распродадени шампионските дресови на Аргентина

Вчера Аргентинците ја пуштија првата тура од новите шампионски дресови со три ѕвездички, само осум дена откако ја освоија светската круна.

На светска титула Аргентинците чекаа 36 години, па тоа донесе голема еуфорија. Помеѓу четири и пет милиони навивачи излегоа на улиците во Аргентина да ја прослават титулата, а сега шампионските дресови веднаш ги разграбаа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Адидас“ објави дека првата серија на дресови е веќе распродадена.

„Во првата почетна фаза, првата серија на дресови веќе е распродадена“, објавија во соопштението од „Адидас“.

Новата тура на дресови ќе излезат по Нова Година и производството би требал ода се зголеми. Цената на дресот изнесува 100 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…